Чифлиганец неуморно купува акции на Комерцијална банка

„ Адора Инженеринг“ сега поседува вкупно 280.780 обични акции, односно има учество од 12,32% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

5,809

Компанијата на бизнисменот Ванчо Чифлиганец „Адора инженеринг“  преку берзански трансакции  се стекна со нови 13.901 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Ова го соопшти банката на Македонска берза.

„ Адора Инженеринг“ сега поседува вкупно 280.780 обични акции, односно има учество од 12,32% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.






Просечната цена на акциите на Комерцијална банка деновиве изнесува 6.711 денари со пад на прометот од 9,22%.

Генералниот директор на „Адора инженеринг“ проф. д-р Ванчо Чифлиганец кусо изјави дека верува во вложените финансиски средства, бидејќи од година во година Комерцијална банка се профилира во најголема и најсигурна банка за депонентите, клиентите и за акционерите. Се работи за банка со над 95 % учество на македонски капитал во сопственичката структура.

– Верувам во мојата земја и во македонската економија. Верувам дека инвестираните средства ќе вродат со плод. Секогаш сум имал знаење, храброст и сум сметал дека со посветеност и со пот, успехот секогаш доаѓа – вели Чифлиганец.

Поврзани содржини