🎥 АРГЕНТИНЦИТЕ ПОВЕЌЕ СЕ ТЕПААТ ОТКОЛКУ ШТО ИГРААТ ФУДБАЛ, ШПАНИЈА НЕ УСПЕА ДА ПОВЕДЕ Финалето оди во продолженија

Дека Аргентина беше целосно безопасна и фокусирана само на дефанзива и прекини, покажа шокантниот статистички податок од 64-тата минута, кога по повеќе од еден час игра, „гаучосите“ немаа упатено ниту еден единствен удар кон голот на Шпанија.

754
И по вторите 45 минути од големото финале на Светското првенство, мрежите на стадионот „Метлајф“ мируваат. Второто полувреме понуди неверојатна тензија, жестоки стартови од страна на Аргентинците кои повеќе се тепаа отколку што играа фудбал, црвен картон и тотална офанзива на Шпанија, но „гаучосите“ некако успеаја да изборат продолженија.





Јамал не погоди од слободниот удар.

Тензија, тепачка на теренот и спас за Паредес

Вториот дел започна со тактички измени на Лионел Скалони, кој веднаш го внесе Леандро Паредес на местото на Нико Гонзалес. Токму Паредес во 52-рата минута го запали фитилот на теренот кога грубо го удри Родри без топка. По настанатиот општ конфликт меѓу фудбалерите, Паредес го турна и Дани Олмо, но за среќа на Аргентина, словенечкиот судија му покажа само жолт картон.

Острите стартови на актуелниот светски шампион продолжија, што резултираше со катастрофа во самиот финиш. Енцо Фернандез заработи втор жолт картон по исклучително груб старт над младиот Пау Кубарси на средината од теренот, оставајќи ја Аргентина со десетмина во финишот.

Фернандез е првиот исклучен играч во финале на Мундијалите по 16 години. Последен кој добил црвен картон е Џон Хајтинга, и тоа токму против Шпанија, во 2010 година.

Пропуштени шанси на Шпанија

Шпанија целосно доминираше и создаваше шанси, но Емилијано „Дибу“ Мартинез повторно беше херој. На самиот старт на полувремето во 47-мата минута го одбрани шутот на Алекс Баена, а подоцна едвај го сопре и обидот на Олмо.

Најголемото промашување се случи во 68-мата минута. Младиот Ламин Јамал испрати перфектен центаршут, а резервистот Феран Торес се најде сам во казнениот простор, но биеше со глава директно во рацете на Мартинез. Во 76-тата минута се обиде и Педри по влегувањето во игра, а последната прилика во 90-тата минута ја пропушти Родри, кој шутираше силно, но над пречката.

Податок недостоен за светски првак

Дека Аргентина беше целосно безопасна и фокусирана само на дефанзива и прекини, покажа шокантниот статистички податок од 64-тата минута. Имено, по повеќе од еден час игра, „гаучосите“ немаа упатено ниту еден единствен удар кон голот на Шпанија – ниту во рамките, ниту надвор од него.

По четирите минути судиско продолжение, резултатот остана непроменет, па двата тима влегуваат во продолженија од двапати по 15 минути во битката за светскиот трон.
Поврзани содржини