МРАЧНАТА ТАЈНА НА ПАРКИНГОТ ОД СТАДИОНОТ КАДЕ СЕ ИГРА ФИНАЛЕТО Возилата по кои никој не се врати
Девет години по терористичкиот напад ова здание беше заменето со ново кое беше наречено „Метлајф“ (MetLife), а кое е изградено практично на местото каде што некогаш се наоѓаше паркингот.
Стадионот „Метлајф“ (MetLife) во Њу Џерси крие една мрачна тајна поврзана со нападите на 11 септември 2001 година.
Домот на Џетс и Џајантс е едно од историските зданија на американскиот НФЛ (NFL) шампионат, но воедно е и местото каде што е направена една од најужасните фотографии во поновата историја.
За што станува збор?
Кога на 11 септември 2001 година припадниците на терористичката организација Ал Каеда киднапираа авиони и со нив ги урнаа кулите близначки на Светскиот трговски центар во Менхетен, животот го загубија 2.753 лица. Меѓу нив имаше и голем број луѓе кои пристигнаа во Долен Менхетен од Њу Џерси.
Бидејќи во Њујорк е неспоредливо побрзо да се оди низ центарот на градот со јавен превоз, ништо поразлично не беше ниту тој ден, па паркингот на стадионот на Џајантс и тогаш беше полн. Следуваа часови кои ги следеше целиот свет, во кои прво паднаа близначките, а потоа и зградата број седум.
Ситуацијата во наредните денови, откако подрачјето околу Светскиот трговски центар беше исчистено, колку-толку се смири, кога беше забележана една од најтрогателните фотографии настанати по нападот во Њујорк. Од тој ден повеќе десетици возила останаа на тоа место бидејќи немаше кој да се врати по нив.
И таму стоеја неколку недели.
– Да поминуваш секој ден покрај нив, да ги гледаш овие автомобили и да знаеш дека тие луѓе загинаа е ужасно чувство – изјави првиот човек на Џајантс, Џон Мара.
А приказната за тоа што се случи со тоа место дополнително додава тежина на целата сторија. Девет години по терористичкиот напад ова здание беше заменето со ново кое беше наречено „Метлајф“ (MetLife), а кое е изградено практично на местото каде што некогаш се наоѓаше паркингот.
На стадионот во Њу Џерси се одиграа осум натпревари — пет во групната фаза (почнувајќи од дуелот меѓу Бразил и Мароко на 13 јуни), потоа два во нокаут фазата, и на крајот финалето.
Џетс (New York Jets) и Џајантс (New York Giants) се две исклучително популарни и професионални екипи во американски фудбал кои се натпреваруваат во најсилната светска лига – NFL (National Football League).
Иако и двата тима во своето име го носат градот Њујорк, тие веќе со децении ги играат своите домашни натпревари на стадионот Метлајф кој се наоѓа во соседната сојузна држава, Њу Џерси.