ШПАНИЈА ДОМИНИРА, АРГЕНТИНА БЕЗ ИДЕЈА ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ Заминаа на пауза со резултат 0:0

Дополнителен шок за Јужноамериканците се случи пред самиот крај на полувремето во 44-тата минута, кога столбот на одбраната, Лисандро Мартинез, заработи повреда поради која мораше предвреме да го напушти теренот.

275

Во воведните 45 минути од големото финале на Светското првенство во фудбал 2026 на стадионот во Њујорк/Њу Џерси, репрезентациите на Шпанија и Аргентина заминаа на пауза со почетните 0-0. Иако мрежите мируваат, „црвената фурија“ целосно ја диктираше играта со над 60% посед на топката, додека актуелниот светски шампион изгледаше целосно отсечено и безидејно во нападот.

Словенечкиот судија и шансата на Ојарзабал






Натпреварот започна со силен притисок на Шпанците кои постојано ја загрозуваа противничката одбрана. Најсериозната прилика во првиот дел се случи во 39-тата минута кога Микел Ојарзабал упати опасен удар од работ на казнениот простор. Сепак, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез со вешта реакција успеа да го прочита неговиот шут и да спречи водство на Шпанија.

Во центарот на вниманието се најде и словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој цврсто го водеше натпреварот и во 41-вата минута го покажа првиот жолт картон за да ги смири тензиите на теренот. Кратко потоа, Марк Кукуреља исто така се обиде со удар од далечина, но топката заврши надвор од рамките на голот.

Меси изолиран, голем хендикеп за „гаучосите“

Најголемиот проблем за Аргентина во првото полувреме беше изолацијата на нивниот капитен. Лионел Меси беше целосно отсечен од средниот ред и ја прими топката едвај двапати во првите триесет минути од средбата. Селекцијата на Лионел Скалони главно се бранеше и неуспешно се обидуваше да организира брзи контранапади преку Хулијан Алварез.

Дополнителен шок за Јужноамериканците се случи пред самиот крај на полувремето во 44-тата минута, кога столбот на одбраната, Лисандро Мартинез, заработи повреда поради која мораше предвреме да го напушти теренот. На негово место во игра влезе искусниот ветеран Николас Отаменди.

Трамп и Инфатино зад безбедносно стакло

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино и американскиот претседател Доналд Трамп заедно го следат финалето. Трамп дојде на стадионот во Њу Џерси со хеликоптер. Тие седат зад безбедносно стакло.

– Aмериканскиот сон се оствари, го обединивме светот во Америка. Ова Светско првенство немаше да биде толку успешно без вас. Ова не е само најголемото Светско првенство во историјата, туку и најголемиот социо-културен настан во човечката историја – му рече претседателот на ФИФА на Трамп неколку дена пред финалето.

За време на паузата се одвива шоу на кое настапуваат Мадона, Шакира…

Поврзани содржини