🎥 ПЕЈАЧКАТА ТАНЦУВА, А ПОТОА СЀ СЕ ЗАТРЕСУВА И ПОЧНУВА ХАОС Петмина загинати, илјадници без струја по силниот земјотрес во Перу

Според локалните медиуми, меѓу настраданите има и стока која настрадала кога врз неа се урнале делови од објекти. Најмалку уште три потреси веќе се регистрирани среде хаосот.

4,905

Пет лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што ноќеска го погоди регионот на Андите во Перу.

Повеќе од 20 лица се повредени, а 300 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови кои беа погодени во земјотресот.






Земјотресот е регистриран вчера во 21:24 часот по локално време, а епицентарот беше два километри западно-југозападно од градот Сикаја, во покраината Уанкајо, на длабочина од 10 километри.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Перу на длабочина од околу 22 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Десетици куќи се претворија во урнатини во најтешко погоденото подрачје Пумпуња. Страв завладеа меѓу жителите на тој регион, каде што мештаните пријавија дека луѓе останале заробени под урнатините. Земјотресот е регистриран во 21:24 часот, а епицентарот се наоѓал околу седум километри јужно од градот Чупака. Потресите се почувствувале во областите Хуанкајо, Консепсион, Хауха и бројни места во долината Мантаро. За само неколку секунди луѓето во паника истрчале од своите домови обидувајќи се да се засолнат, додека ненадејниот прекин на струјата ги оставил улиците во мрак.

Во почетокот беше кажано дека две лица загинале во местото Пумпуња, кое ѝ припаѓа на општината Чонгос Бахо. Полицијата, пожарникарите и медицинските тимови веднаш излегле на терен за да им помогнат на повредените и да ги извлечат телата на настраданите. Бројот на загинати подоцна порасна на пет лица, додека властите предупредуваат дека тој број би можел дополнително да расте.

Според локалните медиуми, меѓу настраданите има и стока која настрадала кога врз неа се урнале делови од објекти. Најмалку уште три потреси веќе се регистрирани среде хаосот, пренесува перуанскиот весник „Перу21“.

На една од снимките може да се види пејачка која настапува во еден бар во моментот кога бината почнува силно да се тресе, а струјата прекинува.

Во центарот на Чонгос Бахо, историскиот споменик Кани Крус се урна на главниот плоштад. Оваа камена градба стара околу 500 години претставува централна точка на годишното аџилак долго 20 километри кое води од Хуанкајо до Чонгос Бахо.

Тимовите за управување со ризици од катастрофи почнаа проценка на штетата на куќите, јавните објекти, здравствените установи, училиштата, локалните патишта и сточните фондови.

Овој земјотрес се случи само неколку дена откако Мексико го погоди силен потрес со јачина од 7,3 степени. Силно движење на тлото се почувствува ширум југот на Мексико, Гватемала и Салвадор, предизвикувајќи силно лулање на зградите и страв од можни разорни цунамија.

Американскиот геолошки институт (УСГС) предупреди дека опасни бранови од цунами би можеле да ги погодат бреговите во круг од околу 300 километри од епицентарот. Во Мексико, Гватемала и Салвадор немаше пријавени жртви ниту сериозна материјална штета. На вознемирувачките снимки можат да се слушнат сирени за тревога и да се видат згради кои силно се лулаат за време на силниот земјотрес.


Поврзани содржини