АРГЕНТИНСКИОТ ГОЛМАН ЌЕ БРАНИ СО СКРШЕН ПРСТ Цело првенство брани со болки
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез игра на Светското првенство 2026 со болки поради скршен прст.
Триесет и тригодишниот голман се повреди на 20 мај за време на загревањето на Астон Вила пред победата од 3:0 над Фрајбург во финалето на Лигата на Европа.
– Сè уште ме боли. Знаев дека раката ќе ми биде проблем. Се обидов да избегнам операција. Се консултирав со бројни специјалисти во Англија, САД и во други земји. Секако, кога по победата во финалето ќе ви кажат дека ви е потребна операција и дека ќе ја пропуштите целата групна фаза на Светското првенство, многу прашања ми доаѓаат на ум. Имав сосема поинаква подготовка од моите соиграчи од репрезентацијата. Два дена пред првиот натпревар, не се чувствував добро. Но, по натпреварот против Египет, почнав да тренирам нормално, престанав да размислувам за тоа и сега сум многу подобар – изјави Мартинез за „The Sun“.
Аргентина вечерва игра во финалето на Светското првенство против Шпанија.