Кај науката нема место за „романтичарски“ дезинформации

За жал граѓаните на Македонија се под силен наплив на дезинформации кои доаѓаат од личности кои ловат во матно, за да си ги задржат своите удобни пратенички фотелји или пак очекуваат да падне некој проект од некое анархистичко-либерталистичко-еколошко крило од каде би имале некаков соодветен надоместок.

0

Оваа колумна им ја посветувам на припадниците на науката кои се грижат да добиеме супер модерни, економски исплатливи и еколошки одржливи геолошко-рударско-металургиски комплекси за обоени и благородни металични суровини и ако ги земеме предвид во тони бакарот, златото, среброто, платината, индиумот, парадиумот, иридиумот итн. по глава жител, тогаш ние сме повеќе од богата држава. Само да напоменам, кај научниците, а пред се кај металурзите, еден и еден се единаесет (1 и 1 = 11), а еден плус еден е еднакво на два (1+1=2). И не постојат тези со контратези на веќе докажани тези, каде од ново ќе се констатира констатирана константа. Тоа е разликата помеѓу науката и…

За жал граѓаните на Македонија се под силен наплив на дезинформации кои доаѓаат од личности кои ловат во матно, за да си ги задржат своите удобни пратенички фотелји или пак очекуваат да падне некој проект од некое анархистичко-либерталистичко-еколошко крило од каде би имале некаков соодветен надоместок.






Еве како манипулираат. Пратеник од Струмичко, кој има бизнис со земјоделски производи, во емисија вели дека тој им верувал на странците, ама не им верувал на домашните институции и затоа не можело да има рудник. Само да му објаснам на ова чудо од пратеник дека тој е во домашна институција и ние те плаќаме. Глумец пак, ни вели дека не можело да има рудник во струмичко зашто полето го ранело целиот Солунски Фронт. Јас уште сум „забезекнут“ од каде му е тезава. Не е вистина секако.

Друг па пратеник од Гевгелиско убедува пустиот дека референдумите спроведени против отворање на рудници биле успешни. Господинов има завршено Правен Факултет, а за негова жал треба да му соопштам дека Уставниот Суд ги прогласи за неуставни, а Уставот е закон над законите.

Ја убедувам целата публика дека гореспоменатите јавни личности и пред се пратеници се извртувачи на тези, кои веројатно гледаат само личен интерес во сите процеси кои се поврзани со геолошко-рударско-металургиски комплекси.

Јас сум убеден дека овие личности не разбираат ниту тронка од научниот процес за добивање на метали. И кога користат зборови дека ќе се употребува цијанид за добивање на злато, јавно кажувам дека со закон е забранета неговата употреба и тоа значи дека сите не дезинформираат и шират невистини. Цијанид или цијанидни супстанци нема и не смеат да се користат во ниту еден новоотворен рудник во Македонија и тоа е затворено прашање за сите во индустријата и науката, освен за оние кои немаат други аргументи „против“ па упорно се држат до своите манипулации.

Еве мал научен дел за читателите за „Употреба на цијанид во металургијата и индустријата за бои: процеси, предизвици и подобни алтернативи со тиосулфат.“

Како размислуваат металурзите?

Цијанидот има историска важност, но неговата токсичност и формирањето на бакарно цијанидни комплекси го ограничуваат неговото користење кај оксидни бакарно златни руди.

Тиосулфатот претставува практична и поеколошка алтернатива во многу случаи, со услов дека се оптимизираат процесите и се обезбеди соодветен третман на отпад.

• Цијанидот е важен реагент за екстракција на злато и за синтеза на пигменти како Берлинско сино.

• Тиосулфатот е ветувачка алтернатива за екстракција на злато од овие руди; бакарните јони (Cu²⁺) можат да делуваат како катализатори.

• Еколошките регулативи и третманот на отпад се клучни за намалување на негативните ефекти.

• Македонија мора да се преориентира кон тиосулфат и да ги употреби сите форми на нови достапни технологии за максимално квалитетно и рационално рециклирање и третман на отпад.

Цијанидот за Македонија мора да стане историја, но за сите рудници.

Сепак, Европа како континент мора да се прилагодува на заштитата на здравјето на луѓето, како и одржлив развој на земјоделието преку чисти почва, води и воздух. И затоа новите рудници имаат можност да се докажат на ова поле со научен пристап и со сериозна општествена одговорност. Затоа се нуди од страна на металурзите долгорочно квалитетно решение.

Сепак, клучните препораки за Македонија и Европа се исти: примена на тиосулфат каде е соодветно; оптимизација на амонијак и pH; рециклирање на реагенсите; строго следење на еколошките регулативи.

Да живее Македонија!!!!

Поврзани содржини