ТУЖБАТА НА УЕФА ЗА ИНФАНТИНО Е ДОЛГА 60 СТРАНИЦИ Еве за кои дела му се заканува затвор до 5 години

УЕФА тврди дека Џани Инфантино му нанел „директна и конкретна штета“ на угледот на ФИФА. Во центарот на спорот е планот дел од комерцијалните права на мундијалските турнири да се отвори за приватни инвеститори.

0

УЕФА подготвила документ од 60 страници против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Европската фудбалска организација има намера да го тужи за „нелојално управување“.

Случајот го открила агенцијата АФП, која имала увид во документот. Според УЕФА, Инфантино му нанел „директна и конкретна штета на угледот на ФИФА“.






Во документот се наведува дека делото за кое УЕФА планира да го тужи е казниво со затвор до пет години.

Мундијалот во рацете на инвеститори

Спорот почнал со планот на Инфантино за приходите од Светското првенство. Тој сакал да ги пласира во компанија отворена за приватни инвеститори.

ФИФА го открила проектот кон крајот на јули. Го претставила како начин да го „отклучи комерцијалниот потенцијал“ на своето најголемо натпреварување.

Зетот на Трамп со удел во компанијата?

УЕФА, пак, гледа сосема поинаква намера.

Според европската организација, планот бил обид Инфантино и „мал круг блиски соработници“ да стекнат траен удел. УЕФА тврди дека тие би профитирале од највредните средства на ФИФА.

Меѓу луѓето што ги наведува е и Џошуа Кушнер, зет на претседателот на САД, Доналд Трамп.

УЕФА тврди дека сето тоа би било на штета на ФИФА, нејзините членки и другите засегнати страни во фудбалот.

„Лош договор за фудбалот“

Европската организација се повикува и на Карлос Кордеиро. Инвестицискиот банкар станал советник на Инфантино, но подоцна поднел оставка.

Причината била токму спорниот проект.

Кордеиро го опишал како „лош договор за фудбалот“.

Поврзани содржини