НЕВРЕМЕ ЌЕ ГО РАСИПЕ ЖЕШКИОТ ВИКЕНД До 36 степени, попладне пороен дожд и ветер
Саботата ќе почне сончево и топло, со температури до 36 степени. Попладне локално се очекува невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за град.
За време на викендот времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето во сабота, 29 август, ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од 17 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.