📽️ НЕСМАСНО ЗБОГУВАЊЕ СО КРУНАТА ЗА ПОРАНЕШНАТА МИС НА САД Двапати падна на сцената, еднаш зад сцената
Одри Екерт двапати падна пред публиката додека се збогуваше со титулата Мис на САД. Подоцна откри дека непосредно пред излегувањето паднала и зад сцената.
Мисица на САД за 2025 година падна трипати во текот на вечерта, двапати пред публиката и еднаш зад сцената.Збогувањето со круната не помина како што го замислуваше Одри Екерт.
Екерт излезе пред публиката за последен пат како актуелна носителка на титулата. Требаше да ја предаде круната на својата наследничка Џастус Кели од Вирџинија.
Додека одеше кон центарот на сцената, долгиот фустан ѝ направи проблем. Екерт се сопна и речиси ја загуби круната.
Водителот Иан Зиринг веднаш ѝ помогна да стане, а публиката ја бодреше.
Miss USA 2025, Audrey Eckert, se cayó en vivo DOS VECES durante su desfile de despedida en la final del concurso de este año😭 pic.twitter.com/1IrPNQh0aJ
— nacho con O (@NachoConO) August 28, 2026
Нешто подоцна повторно излезе на сцената. Овојпат одеше повнимателно, но повторно падна.
Екерт потоа откри дека незгодите всушност почнале уште зад сцената. Паднала и непосредно пред излегувањето, а немала време да го поправи фустанот.
– Потоа паднав уште двапати додека одев. Дефинитивно не замислував дека така ќе се збогувам со сцената на Мис САД, особено затоа што тоа беше многу емотивен момент за мене – изјави Екерт за „Пипл“.
Целата ситуација ја опиша како „прилично стресна“, но подоцна успеа и да се пошегува на своја сметка. Рече дека се чувствувала како „Џенифер Лоренс од светот на убавината“.
Екерт ја продолжи програмата и ѝ ја предаде круната на новата Мис на САД, Џастус Кели од Вирџинија.