КОЊОТ БУКЕФАЛ СО ПЕТ НОЗЕ ПРИКАЖАН НА БИЛБОРДОТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ Грешките во фотомонтажата предизвикаа бројни реакции

Скопскиот градоначалник вчера на социјалните мрежи објави видео во кое се пофали дека на влезот во Скопје е поставен билборд со кој на гостите во градот им се посакува добредојде.

2,730

Бројни рекации на социјалните мрежи предизвика новиот билборд за „Добредојдовте во Скопје“ што завчера беше поставен на источниот влез на градот. На билбордот се гледа дека коњот Букефал од споменикот „Воин на коњ“ има пет или шест нозе, Камениот мост е издолжен во недоглед, црквата е непознат објект за скопјани, а граѓаните коментираат дека наликува на храмот „Св.Сава“ од Белград. На врвот на Водно не се гледа телекомуникациската кула, а ѕидините на Калето се извишени.

Скопскиот градоначалник вчера на социјалните мрежи објави видео во кое се пофали дека на влезот во Скопје е поставен билборд со кој на гостите во градот им се посакува добредојде.






„Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа“, напиша во постот на Фејсбук профилот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини