ЗИМСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ НА ТЕРЕН НА ВОДНО Ќе бидат фрлени поголеми количества сол

Екипите на зимската служба веќе се на терен. На повисоките места ќе се фрлаат поголеми количества сол, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски велејќи дека снегот нема да ги изненади градските служби.

0

На делови од Водно веќе има лапавица, а градските служби се излезени на терен. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва најави дека лично ќе им се придружи на вработените по завршувањето на гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител.

– На дел од Водно веќе добив снимка дека има лапавица, но треба да бидеме подготвени таму, земајќи го предвид теренот. Треба да се фрли доволна количина сол на тоа место, така ќе биде и на сите повисоки места – рече Ѓорѓиевски.






Градоначалникот пред 2 дена ја посетил дежурната служба и разговарал со вработените задолжени за зимското одржување на улиците.

– Подготвени сме, нема да нè изненади снегот. Јас по емисијава ќе излезам исто со вработените на терен, така што ќе бидеме подготвени многу посериозно од кога било во минатото – изјави Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини