🎥 КОГА ЌЕ ПОМЕШАТЕ ПОДВИЖНА ЛЕНТА СО ЕСКАЛАТОР Наместо кон авионот, завршила во делот за багаж

193

Една 74-годишна патничка доживеала несекојдневна незгода на аеродром, откако ја помешала лентата за транспорт на багаж со ескалатор за патници и буквално „исчезнала“ зад гумената завеса што води кон системот за сортирање куфери. Драматичната снимка од безбедносните камери повторно стана вирална на социјалните мрежи и ја објавија повеќе светски медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Mail (@dailymail)






Инцидентот се случил пред една година, на аеродромот во Владикавказ, главниот град на руската република Северна Осетија-Аланија. Жената требало да отпатува за Москва, но наместо кон безбедносната контрола, се упатила кон лентата на шалтерот за чекирање. Според локалните медиуми, таа верувала дека станува збор за подвижен ескалатор кој води кон излезот за патници.

На видеото се гледа како вработените на шалтерот се зафатени со друг патник и не ја забележуваат веднаш. Жената се качува на лентата, ја губи рамнотежата и легната на грб исчезнува зад гумените завеси, по што другите патници почнуваат да ги предупредуваат аеродромските службеници дека се случила несреќа.

Аеродромските служби брзо ја пронашле во просторот за сортирање багаж и ја извлекле без сериозни повреди. Од управата на аеродромот соопштиле дека жалат за инцидентот и се извиниле за непријатната ситуација.

Поврзани содржини