ПРИЗНА ДЕКА Е ГЕЈ, ПА СЕ РАЗВЕДЕ Фронтменот на металкор бендот „Беартут“ беше во брак 14 години
Фронтменот на „Beartooth“, Кејлеб Шомо, и неговата сопруга Флер со која е во брак 14 години, поднеле барање за развод откако тој неодамна се изјасни како геј
Фронтменот на „Beartooth“, Кејлеб Шомо, и неговата сопруга со која е во брак 14 години, Флер Шомо, законски се разделуваат речиси два месеци откако тој се изјасни како хомосексуалец.
Според PageSix двојката заеднички поднела барање за развод во Вишиот суд во Лос Анџелес претходно оваа недела.
Тие немаат деца.
Меткалкор рокерот, кој се ожени со Флер во април 2012 година, објави дека е „горд геј маж“ во ранлива изјава објавена на Инстаграм на 23 мај.
И покрај тоа што се чувствува „повредена“ и „дезориентирана“ од откритието на нејзиниот сопруг, Флер јавно вети дека ќе го „сака и ќе го поддржува“ – и ги замоли своите следбеници да го сторат истото.
Голем дел од обожавателите го поддржаа велејќи дека „никогаш не е предоцна некој да се искаже како геј“ и беа восхитени од изјавата на неговата сопруга.
Сепак, имаше и многу кои го осудија пејачот дека ѝ го „трошел“ времето на Флер.
Кејлеб пак го опиша во детали „застрашувачкиот“ момент кога ѝ се открил на својата сопруга во епизодата од 10 јуни од подкастот „Disrespectfully“, кој го водат неговите пријатели Кејти Малони и Дејна Катан.