Бритни Спирс му плаќа луксузен стан во Лос Анџелес на својот сопруг Сем Асгари, по објавата дека се разведуваат. Месечниот наем за ваков стан е 10.000 долари. Наводно, тоа го предложила самата пејачка.
Според брачниот договор, Асгари може да бара милион долари за секои две години брак. Бритни и Сем се во брак само 14 месеци. Имотот на американската поп-ѕвезда се проценува на вкупно околу 60 милиони долари, а Асгари не може да бара дел. Тој, исто така, нема права на нејзините песни и нивниот дом во Таузенд Оукс вреден 11,8 милиони долари, пишува „Ти-ем-зи“.
Претходно во западните медиуми се појавија податоци дека Асгари барал ревизија на брачниот договор, заканувајќи се дека во спротивно ќе објави инкриминирачки докази за Спирс. Неговиот претставник Брендон Коен ги одрече тие наводи.
Веста за разводот на Бритни Спирс и Сем Асгари беше објавена на 17 август. Се наведува дека причината е изневерувањето на Спирс со еден од куќните помошници во нивниот дом во Калифорнија. Наводно, Асгари имал и видео што го потврдува тоа. Покрај тоа, пејачката, која според познаници, е во „кревка хиперсексуална состојба“, побарала вработена да ја слика гола.
Асгари и Бритни Спирс се во врска од 2016 година, а се венчаа минатиот јуни. Пред свадбата склучиле предбрачен договор.