БОРЦИТЕ ОД НОБ ВО БИТОЛА РЕАГИРААТ ЗА УТРЕШНАТА ПОСЕТА Михајлов соработувал со Хитлер и со Мусолини

Ванчо Михајлов директно и индиректно ја помагал фашистичката, eкспанзионистичката и денационализаторската политика кон Македонија и Македонците на фашистичка Бугарија предводена од царот Борис III, тогашниот премиер Богдан Филов како сојузници и соработници на Адолф хитлер и Бенито Мусолини, соопштуват од Сојузот на борците.

2,727

Општинскиот Сојуз на борците од НОБ на Битола се противи на доаѓањето на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, по повод отворањето на културен центар „Иван Михајлов“. Од Сојузот на борците сметаат дека со тоа се врши промоција и рехабилитација на фашистичката идеологија милитаризмот и антимакедонските политики од Втората светска војна.

„Ванчо Михајлов директно и индиректно ја помагал фашистичката, експанзионистичката и денационализаторската политика кон Македонија и Македонците на фашистичка Бугарија предводена од царот Борис III, тогашниот премиер Богдан Филов како сојузници и соработници на Адолф хитлер и Бенито Мусолини“, соопштуват од Сојузот на борците.






Борците протестираат и против молкот и индолентниот однос на македонските власти и политичките партии за формирањето на клуб што го носи името на „Ванчо Михајлов“, соопштуваат од Сојузот на борците- Битола.

Поврзани содржини