МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено попладне и во текот на ноќта

УХМР најавува претежно облачно време со повремени врнежи во недела, понеделник и вторник. Најобилни врнежи се очекуваат во понеделник, кога локално може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.

62

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во недела. Според прогнозата на метеоролозите, на одделни места се очекува да наврнат над 25 литри дожд на квадратен метар, а ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 3 степени во Маврово до 11 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 6 степени во Маврово до 15 степени во Гевгелија.






Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремен дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 9 до 14 степени.

Променливото и дождливо време ќе продолжи и во понеделник. Ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 10 до 17 степени.

Според прогнозата на УХМР, дождот ќе продолжи и во вторник. Времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи, кои локално може да надминат 20 литри на квадратен метар.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува на одделни места долж Повардарието.

Утринските температури ќе бидат од 5 до 13 степени, а дневните ќе се движат од 9 до 16 степени.

Поврзани содржини