🎥 ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД ПАДОТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ КАЈ БРЧКО Леталото почна да се врти во круг

Загинаа четворица Италијанци, а 11-те повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.

114

Објавена е видео снимка на која се гледаат моментите на падот на хелиоптерот „Чинук“ на ЕУФОР вчера во Горице кај Брчко, при што загинаа четири лица, а 11 беа повредени. На снимката се гледа како хеликоптерот лета ниско, неколкупати се врти во воздухот, а потоа паѓа на земјата.

Во леталото имало 15 лица. Тројца загинаа на местото на несреќата, а четвртото лице подоцна им подлегна на повредите во болница.






Загинатите се Симоне Руџа и Клаудио Маркези, припадници на италијанските вооружени сили, како и Франко Адријано Зекило и Лаура Проначи, припадници на Доброволниот воен корпус на Италијанскиот Црвен крст.

Според ЕУФОР, сите 11 повредени се во стабилна состојба. Деветмина се лекуваат во Брчко, а двајца се пренесени во болницата во Тузла.

Хеликоптерот се урна за време на редовна тренажна активност. Падна во ненаселено подрачје, во близина на куќи. Во несреќата нема повредени цивили, ниту штета на цивилната инфраструктура, имот или возила.

ЕУФОР спроведува истрага за утврдување на околностите и причините за несреќата.

Поврзани содржини