ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА ПРЕКИНАТА ПРОГРАМАТА НА РТС Сите вработени биле евакуирани

По деталните контрадиверзантски проверки на објектите, надлежните утврдиле дека нема опасност, па програмата продолжила со емитување.

0

Радио Телевизија Србија синоќа добила дојава за поставена бомба, поради што програмата беше прекината, вработените беа евакуирани од зградите на јавните служби во Белград, јавија српски медиуми.

Информацијата стигна до контакт центарот на РТС во 18:42 часот, по што веднаш беше наредена евакуација, пишува Телеграф.рс.






Единиците за борба против субверзија на Министерството за внатрешни работи на Србија ги проверувила објектите на РТС, зградата на Радио Белград и локации во Кошутњак. По деталните контрадиверзантски проверки на објектите, надлежните утврдиле дека нема опасност, па програмата продолжила со емитување.

Поврзани содржини