ПЕНТАГОН БАРА БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ ДА НЕ ЈА ПРОВОЦИРААТ МОСКВА Треба ја ублажат својата реторика кон Русија

Според функционерите на Министерството за војна на САД, острата реторика од европските лидери може да ги зголеми тензиите со Русија.

74

Функционери на Пентагон побараа од Литванија, Латвија и од Естонија да ги ублажат своите јавни изјави за заканата што ја претставува Русија, со став дека острата реторика од европските лидери може да ги зголеми тензиите, изјавија четири лица запознаени со разговорите.

Меѓу американските функционери кои ја пренесоа таа порака беше и Елбриџ Колби, задолжен за политика во Пентагон, објави Ројтерс.






Според еден извор, тој предупредил дека европските функционери не треба да ја „провоцираат“ Русија.

Министерствата за одбрана на Литванија, Латвија и Естонија не одговориле на барањата за коментар.

Барањата на Вашингтон дојдоа во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне крај на војната во Украина, со можност за ублажување на санкциите против Русија и притисок врз Киев да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура.

Во НАТО постојат различни мислења за тоа како треба да се дискутира за руската закана.

Некои функционери веруваат дека острата реторика „му помага“ на Кремљ, а други истакнуваат дека европските влади мора отворено да разговараат со граѓаните за безбедносните ризици и за потребата од зајакнување на одбраната.

Пораките на американското Министерство за војна беа испратени во време на зголемена загриженост поради наводната руска саботажа во Европа.

 

Поврзани содржини