ПОЧИНА БАРБАРА БЕРИ Смртта на американската актерка била медицински потпомогната

Смртта на актерката била медицински потпомогната, во согласност со законот на сојузната држава Њујорк за медицинска помош при крајот на животот. Нејзиниот претставник потврдил дека Бери ја поддржувала оваа законска можност и јавно се залагала за неа.

6

Американската актерка Барбара Бери, номинирана за Оскар за улогата во филмот „Breaking Away“, почина на 95-годишна возраст. Таа починала во средата, на 28 октомври, во својот дом на Менхетен, по дијагнозата на терминален карцином. Нејзината ќерка Џејн Харник ја потврди веста за „Њујорк тајмс“.

Смртта на актерката била медицински потпомогната, во согласност со законот на сојузната држава Њујорк за медицинска помош при крајот на животот. Нејзиниот претставник потврдил дека Бери ја поддржувала оваа законска можност и јавно се залагала за неа.






Родена како Барбара Ен Берман на 23 мај 1931 година во Чикаго, таа зад себе остави кариера долга повеќе од шест децении, во која успешно работеше во филмот, телевизијата и театарот. Публиката ја памети по топлите ликови, особено по улогите на мајки и баби, кои ги толкуваше со многу суптилност и емоција.

Една од нејзините најзначајни филмски улоги беше во драмата „Breaking Away“ од 1979 година, во која ја играше мајката на главниот лик. Филмот беше номиниран за пет Оскари, а Бери доби номинација за најдобра споредна актерка. Остварувањето ја раскажува приказната за четворица млади мажи од Индијана кои се обидуваат да го најдат својот пат по завршувањето на средното училиште.

Нејзиниот актерски талент беше препознаен многу порано. Во 1964 година ја освои наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал за улогата во филмот „One Potato, Two Potato“, драма што обработуваше меѓурасна љубов и предрасуди во американското општество.

Подоцна се појави и во филмовите „Private Benjamin“ и „Judy Berlin“.

Бери имаше богата и успешна телевизиска кариера. Пошироката публика ја памети и по сериите „Barney Miller“ и „Suddenly Susan“, во која ја играше бабата на ликот на Брук Шилдс. За својата работа доби повеќе номинации за наградата Еми, а нејзиниот театарски ангажман ѝ донесе и номинација за престижната награда Тони за улогата во оригиналната бродвејска продукција на мјузиклот „Company“ од Стивен Сондхајм.

Покрај актерството, Бери отворено зборуваше и за здравствените проблеми. Во 1994 година ѝ беше дијагностициран рак на ректумот, искуство за кое подоцна напиша две книги и се залагаше за рано откривање на колоректалниот карцином. Во 2014 година откри и дека боледува од идиопатска белодробна фиброза.

Во 1964 година се омажи за актерот и продуцент Џеј Харник, со кого имаше две деца, Џејн и Арон. Нејзиниот сопруг почина во 2007 година. Зад Бери остануваат двете деца и трите внуки, како и бројни филмски и телевизиски улоги по кои ќе биде запаметена.

Поврзани содржини