ОД РЕЧИСИ НУЛА ВО ВРЕМЕТО НА СДСМ, ДО 14,1% РАСТ ВО 2 ГОДИНИ ВМРО-ДПМНЕ Градежништвото расте, нискоградбата бележи нагол скок

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ објави споредбена анализа на податоците од Државниот завод за статистика, според која градежниот сектор бележи позитивен реален раст во осум последователни квартали.

36

Градежништвото во Македонија бележи просечен квартален реален раст од 14,1 отсто во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година, наспроти негативниот просек од 0,2 отсто во претходниот анализиран период, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, повикувајќи се на податоците од Државниот завод за статистика.

Според него, разликата меѓу двата периода изнесува 14,3 процентни поени, а во последните осум квартали градежниот сектор не забележал ниту еден квартал со негативна стапка на реален раст.






„Кога се гради – Македонија оди напред! Бројките за градежништвото покажуваат јасна разлика“, напиша Стојаноски на Фејсбук.

Тој посочува дека во вториот квартал од 2026 година градежниот сектор остварил реален раст од 21,9 отсто, додека кај нискоградбата растот достигнал 48,9 отсто.

„Тоа е важна разлика. Главен двигател се инфраструктурните и капиталните зафати – патишта, коридори и други големи проекти кои создаваат трајна вредност за државата“, посочува пратеникот.

Стојаноски оценува дека резултатите се последица на зголемената градежна активност и реализацијата на капиталните проекти.

„Повеќе градилишта, повеќе капитални проекти, повеќе создадена вредност“, наведува тој.

„Македонија повторно се гради – и тоа се гледа во официјалните бројки“, заклучува Стојаноски.

Поврзани содржини