📽️ СНИМЕН МОМЕНТОТ НА УЖАС НА ЛЕТ НАД ИРАН Дел од плафонот паднал врз патниците

Силни вибрации ја потресле кабината на летот од Машхад, но авионот безбедно се вратил на аеродромот и нема пријавени повредени.

128

Дел од плафонот на ирански патнички авион се одвоил среде лет и паднал врз патниците, а драматичните моменти во кабината биле снимени. Инцидентот се случил на лет на иранската авиокомпанија „Сепехран ерлајнс“, кратко по полетувањето од Машхад кон Керманшах.

На снимките што се шират на социјалните мрежи се гледаат паднати тавански панели и вознемирени патници. Според извештаите, авионот бил погоден од силни вибрации, по што ситуацијата во кабината станала хаотична.






Проблемите наводно почнале со дефект на една од гумите. Потоа бил пријавен и проблем со моторот, но од достапните информации не може со сигурност да се утврди причинско-последичната врска меѓу двата дефекта и оштетувањето во кабината.

Екипажот одлучил да го прекине летот и да го врати авионот во Машхад.

И покрај оштетувањето и драмата во кабината, леталото безбедно слетало на аеродромот. Според досегашните информации, нема повредени.

 

Поврзани содржини