РАЗРЕШЕН ГЛАВНИОТ ВОЕН СТРАТЕГ НА АРМИЈАТА НА САД Изненадувачка смена пред можен повторен напад врз Иран

Откако Трамп го почна својот втор претседателски мандат, на почетокот на 2025 година, неколку високи воени лица поднесоа оставки од своите функции.

157

Главниот воен стратег на американската војска, Брет Силвија, е отстранет од функцијата, пишува Атлантик, повикувајќи се на воени извори.

Изненадувачкиот потег доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека се подготвува за обновување на големите напади врз Иран.






Генералот Силвија, кој ја држеше функцијата Главен воен стратег, неделава е отстранет од својата позиција, пишува изданието, повикувајќи се на доброинформирани извори во Министерството за одбрана на САД.

Откако Трамп го почна својот втор претседателски мандат, на почетокот на 2025 година, неколку високи воени лица поднесоа оставки од своите функции.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, минатиот месец објави дека САД го намалиле бројот на генерали и адмирали во вооружените сили за 20 проценти. Тој објасни дека отстранувањето на високи офицери влијаело на оние кои не се придружиле на напорите на Пентагон за пренасочување на вооружените сили од политиките на претходните администрации кон стратегии за водење војна.

Брет Силвија, роден 1972 година, претходно командуваше со 101-та воздушно-десантна дивизија, а исто така командуваше и со единица во Ирак.

Поврзани содржини