ПОЖАР ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ НА ПАРТИЗАНСКА Пожарникарите брзо реагирале

197

Пожар настана утринава во угостителски објект во трговскиот центар Лептокарија во скопски Карпош. Следувала експресна интрвенција на пожарникарите, сведочат граѓаните.

Жителите на околните згради информираат дека пожарот се раширил многу бргу, а притоа силен чад ги прекрил зградите долж булеварот Партизански одреди.






Според Центарот за управување со кризи, горела скара во угостителскиот објект „Гиро хаус“. Во гаснењето учествувале тројца пожаринкари со едно возило.

Поврзани содржини