📽️ ГОЛЕМА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО САРАЈ Просторот на дивата депонија ќе се претвори во парк
Просторот на патот кон Рашче се расчистува и ќе добие зелени површини, рекреативни содржини и ново хортикултурно уредување.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека денеска заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, го посетиле просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое, како што вели до вчера било дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик.
„Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и содржини за рекреација, одмор и дружење на жителите од овој дел на Сарај.
Исто така, наскоро започнуваме и реконструкција на мега-паркот во Сарај, кој децении е оставен во негрижа. Ова место има природна убавина, има потенцијал и заслужува грижа. Не заслужува отпад, запуштеност и заборав, туку живот, зеленило и простор во кој граѓаните ќе уживаат. Вложуваме во секој дел од Скопје, затоа што сите наши сограѓани заслужуваат еднакви услови, уредена околина и подобар квалитет на живот“, порача Ѓорѓиевски.