ДРОГА ВО АВТОМОБИЛИ, НА УЛИЦА И ВО ЗАТВОР Полицијата уапси 11 лица за само едно деноноќие

Марихуана, бела прашкаста материја и таблети биле пронајдени кај приведените лица, а меѓу нив има малолетник и осуденик кој се враќал во затворот Идризово.

29

Во координирана акција на повеќе полициски единици низ државата, во изминатото деноноќие биле приведени 11 лица кај кои била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје, полицијата ги лишила од слобода тројца скопјани на возраст од 25 до 30 години, кај кои биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и ризли.






Посебен случај е регистриран во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде при контрола на 43-годишен осуденик од Скопје, кој се враќал од отсуство, биле пронајдени бела прашкаста материја и таблети.

Во Струга, пак, околу еден часот по полноќ бил приведен 18-годишник од селото Ташмаруништа, кај кого биле пронајдени марихуана и други предмети.

Тројца скопјани на возраст од 24 и 25 години биле уапсени и во Кичево. Тие биле затекнати во автомобил „Форд“ при сообраќајна контрола, а при прегледот полицијата пронашла марихуана.

Во тетовско Боговиње биле приведени две лица од селото Милетино, на возраст од 28 и 29 години. При преглед на паркиран автомобил во кој престојувале, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја.

Уште едно лице, 17-годишен малолетник од селото Копачиндол, било лишено од слобода во близина на клучката Групчин. Тој бил сопатник во автомобил, а кај него била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани содржини