📽️ СО ВИЉУШКАР ОТКОРНАА БАНКОМАТ И ИСЧЕЗНАА ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ Грабеж како на филм во Британија

Шокантен грабеж во Кембриџшир: крадци со тешка механизација откорнале банкомат и побегнале пред полицијата. Во тек е истрага.

145

Невообичаен и добро координиран грабеж ја вознемири британската јавност, откако група крадци употребила тешка градежна механизација за да откорне банкомат од филијала на „Nationwide Building Society“ во округот Кембриџшир и да побегне пред пристигнувањето на полицијата.

Инцидентот се случил во вторникот околу 03:00 часот наутро во местото Ремзи, објави британски „Телеграф“. Безбедносните камери го забележале целиот напад, при што се гледа како сторителите со возило налик на виљушкар насилно го извлекуваат банкоматот од предниот дел на зградата.






По откорнувањето, банкоматот бил натоварен во друго возило, по што групата брзо го напуштила местото на настанот. Според снимките, акцијата траела само неколку минути, што укажува на внимателно планиран и однапред подготвен напад.

Од локалната полиција соопштија дека првата пријава ја добиле во 03:17 часот, по дојава од граѓани кои забележале сомнителни активности. Истражителите утврдиле дека за кражбата бил користен украден телескопски манипулатор, заедно со уште две возила, со кои била урирана фасадата на банката.

Полицијата смета дека не станува збор за импровизирана кражба, туку за организирана акција со јасна структура и претходна подготовка.

Во тек е анализа на движењето на возилата пред и по грабежот, како и проверка на сите достапни видео-снимки. Надлежните упатија апел до граѓаните да достават било какви информации или снимки од безбедносни камери, автомобилски камери или паметни ѕвончиња.

Засега не е познато колку пари имало во банкоматот, а нема ниту информации за уапсени или идентификувани осомничени.

 

Поврзани содржини