📷 „АУДИ“ ЗАВРШИ НА ПОКРИВ КАЈ МОСТОТ „БЛИЗНАК“ Три искршени возила и четворица повредени

Во судирот на „ауди“, „бмв“ и „мерцедес“ на крстосницата меѓу булеварот Киро Глигоров и улицата Индустриска повредени се четири лица, а едно од возилата се превртело на покрив.

189

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска по полноќ на крстосницата меѓу булеварот Киро Глигоров и улицата Индустриска во Скопје, кај салонот на Мерцедес, а едно од возилата по силниот удар завршило превртено на покрив.

Според информациите што Плусинфо ги доби од полицијата, несреќата се случила денеска во 00:45 часот и во неа учествувале три патнички возила со скопски регистарски таблички.






Во судирот учествувале „ауди“ управувано од В.Ј. (21) од Скопје, „бмв“ управувано од Д.Ч. (21) од Скопје и „мерцедес“ управуван од Д.М. (45) од Скопје.

Од силината на ударот, „аудито“ управувано од 21-годишниот скопјанец се превртело на покрив, а на местото на несреќата интервенирале полициски и медицински екипи.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца од возачите и двајца сопатници. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и во Ургентниот центар, каде што им била укажана лекарска помош.

Од СВР Скопје информираат дека увид на местото извршила полициска екипа, а причините за несреќата се утврдуваат.

Додека траел увидот, едната коловозна лента била затворена за сообраќај, па возилата се пренасочувале преку спротивната лента кон мостот Близнак.

Поврзани содржини