ВО ПОЛИЦИЈА ГО ПРИЗНАЛ ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА Поднесена кривична пријава против скопјанец
Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Д.С.(44) од Скопје кој е осомничен за опожарување на дипломатските возила во Скопје.
СВР Скопје во целост го расчистило случајот кога на 15.06.2026 година беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит-пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение за кривичното дело „предизвикување општа опасност“.
Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело.