ИРАН НЕ СМЕЕ ДА ЈА ПРОПУШТИ ШАНСАТА Претседателот на Иран го нарече договорот со САД дипломатска победа

Иранскиот претседател верува дека рамковниот договор може да отвори пат кон укинување на санкциите и почеток на нова ера за земјата.

154

Претседателот на Иран Масуд Пезешкијан го поздрави рамковниот договор со САД, кој треба да биде потпишан в петок во Швајцарија, оценувајќи го како значајна дипломатска победа за Техеран.

Според него, Иран добил ретка можност да излезе од долгогодишната политичка и економска изолација.






– Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да ѝ помогне на земјата да излезе од сегашната состојба – изјави Пезешкијан.

Тој додаде дека ваква шанса можеби нема повторно да се појави.

„Почеток на нова ера“

Пезешкијан, кој важи за еден од поумерените политичари во иранскиот врв, со месеци се залагаше за дипломатско решение на спорот со Вашингтон.

Според него, рамковниот договор може да помогне во решавањето на бројни проблеми со кои се соочува Иран.

– Се надеваме дека ова ќе означи почеток на нова ера – порача иранскиот претседател.

Укинати санкции, можност за Иран

Иран со години се соочува со тешки економски последици од меѓународните санкции.

Притисокот дополнително се зголеми по последната воена ескалација меѓу Иран, Израел и САД.

Доколку преговорите доведат до трајно решение за иранската нуклеарна програма, тоа би можело да отвори пат за постепено олеснување или укинување на дел од санкциите.

Во меѓувреме, Сенатот на САД по деветти пат последователно ја блокираше Резолуцијата со која се бара прекин на воените дејствија против Иран сè додека не биде добиено соодветно одобрение од Конгресот.

Демократите, како и дел од републиканците во САД, побараа администрацијата да објави повеќе детали за договорот.

Поврзани содржини