🎥 ГОРИ НАЈГОЛЕМАТА РАФИНЕРИЈА ВО МОСКВА Голем украински напад со дронови врз Русија
Според претседателот на Украина, Володомир Зеленски, украинското оружје со долг дострел е една од важните компоненти за притисок врз Москва, а нападите се праведен одговор.
Од утрово Украина продолжи да ја напаѓа Русија со беспилотни летала со долг дострел, а во нападите се погодени објект за складирање нафта во рускиот регион Краснодар, како и најголемата рафинерија во Москва.
Украина ја продолжува својата кампања „санкции за нафта“ против инфраструктурата за гориво и логистика на Москва. Според украинските медиуми, овие сè почести напади ја продлабочуваат кризата со снабдувањето со гориво во Русија и вршат притисок врз нејзината енергетска инфраструктура.
Локалните власти во Краснодар утрово соопштија дека напад со дронови предизвика пожар во складиште за нафта. Според оперативниот штаб на регионот Краснодар, пожарот во складиштето во селото Полтавскаја, во округот Красноармеј, бил предизвикан од остатоци од урнат дрон.
Пожар во складиште за нафта
„Поради падот на остатоците од беспилотно летало, избувна пожар во складиште за нафта во селото Полтавскаја, округот Красноармеј“, објави штабот.
Руските службеници рутински ги опишуваат ваквите инциденти како пожари предизвикани од „остатоци од беспилотни летала“, фраза со која се избегнува признавање дека објектот можеби е директно погоден.
🔥 Moscow woke up to another wave of drone attacks on Tuesday morning
Russian authorities reported multiple Ukrainian drones targeting the capital region, with air defense systems activated across Moscow and nearby areas.
Moscow Mayor Sergey Sobyanin said one of the drones… https://t.co/k78hyUvYUc pic.twitter.com/KFHRKgXkBA
— NEXTA (@nexta_tv) June 16, 2026
Според руските медиуми, нафтеното складиште Полтавскаја се снабдува со гориво од рафинерии, вклучувајќи ги и фабриките на Лукоил и го дистрибуира до мрежа на бензински пумпи низ Краснодарскиот крај и Адигеја.
Селото Полтавскаја се наоѓа околу 80 километри западно од Краснодар, помеѓу регионалниот главен град и брегот на Азовското Море, околу 385 километри од линијата на фронтот. Краснодарскиот крај се соочува со недостиг на бензин од почетокот на јуни, особено по настаните во окупираниот Крим.
Регионалните службеници за вонредни ситуации изјавија дека повеќе од 500 бензински пумпи во моментов се без гориво, принудувајќи многу оператори да купуваат помали количини, без долгорочни договори за снабдување. Руските медиуми, исто така, објавија недостиг во големите синџири на бензински пумпи поради порастот на побарувачката.
Масовен напад со беспилотни летала врз Москва
Рускиот медиум „Астра“ објави дека е извршен масовен напад со беспилотни летала врз Москва. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, првично објави дека 35 беспилотни летала што летале кон главниот град се соборени во рок од два часа. То наведе дека во 5 часот утрово се извршени операции за воздушна одбрана над Московскиот регион.
Moscow’s Kapotnya oil refinery on fire. pic.twitter.com/WuLrHSvjws
— Open Source Intel (@Osint613) June 16, 2026
Очевидци објавија видеа од операции за воздушна одбрана во Павловски Посад, Раменское и Жуковски во близина на Москва, при што еден дрон наводно бил соборен над Павловски Посад.
Украинскиот канал на Телеграм, „Ексиленова+“, објави дека Москва е под напад со беспилотни летала и сподели видеа што наводно ги прикажуваат нападите. Каналот тврди дека во нападот учествувале беспилотни летала „Љути“, како и дека, и покрај десетиците беспилотни летала на небото, не се огласиле сирени за воздушен напад.
Погодена најголемата московска рафинерија
Развојот на беспилотното летало „Љути“ првпат јавно го објави украинската државна одбранбена компанија „Укроборонпром“ во октомври 2022 година. Компанијата тогаш изјави дека развиваат беспилотно летало за напад со тежина од повеќе од 200 килограми, со боева глава од 75 килограми и дострел од повеќе од 1.000 километри.
The ELOU-AVT-6, key processing unit at the Moscow refinery is burning following a Ukrainian strike. 6/ pic.twitter.com/ogzJ8s7Sa6
— Giorgi Revishvili (@revishvilig) June 16, 2026
Извор од украинската влада вклучена во проектот им кажа на новинарите дека „Љути“ е аналог на иранскиот камикази дрон „Шахед“ и се карактеризира со висока отпорност на блокирање и со можност за прилагодување на висината на летот во зависност од теренот.
Во 8:04 часот, каналот објави: „Најголемата нафтена рафинерија во Москва. Капотња. Снимен е удар!“
Набљудувачите подоцна тврдеа дека рафинеријата гори, иако објектот е заштитен со густи системи за воздушна одбрана.
Московската рафинерија за нафта во сопственост на „Газпром Нефт“, се наоѓа на само 15 километри од Кремљ. Таа снабдува до 40 проценти од московскиот пазар со гориво и покрива околу 70 проценти од потрошувачката на бензин во Москва и околниот регион.
Зеленски: Украинското оружје со долг дострел е важен притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, објави за нападите.
„Овој пат, московскиот регион го почувствува дофатот на украинските капацитети со долг дострел. Рафинеријата за нафта беше погодена на растојание од 500 километри. Им се заблагодарувам на борците на Службата за безбедност на Украина, Силите на беспилотните системи, Силите за специјални операции, Воената разузнавачка служба на Украина и Ракетните сили за нивната ефикасна работа“, објави Зеленски на платформата Икс.
Тој, исто така, вели дека Русија мора да биде принудена да ја прекине војната против украинскиот народ.
„Украинското оружје со долг дострел е една од важните компоненти на таков притисок. Ова е праведен одговор на руските напади и на одложувањето на војната што мора да заврши“, заклучи Зеленски.
This time, the Moscow region felt the reach of Ukraine’s long-range capabilities. An oil refinery was hit at a distance of 500 kilometers. I thank the warriors of the Security Service of Ukraine, the Unmanned Systems Forces, the Special Operations Forces, the Defense Intelligence… pic.twitter.com/TayWYZYjEI
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 16, 2026