📽️ ТРАМП НЕ ЈА ПУШТИ БРИЖИТ, МАКРОН ГЛЕДАШЕ ЗБУНЕТ Шефот на САД се оддолжи откако ја критикуваше двојката за шамарот?

Доналд Трамп кусо се поздрави со францускиот претседател Емануел Макрон, но ракувањето со Брижит Макрон траеше 13 секунди и веднаш стана тема на социјалните мрежи.

184

Тринаесет секунди можеби не звучат многу. Но, на дипломатски самит исполнет со камери, тоа беше доволно за да се роди нова интернет сензација.

При пристигнувањето на самитот на Г-7 во Горна Савоја во Франција, шефот на САД најпрво се ракуваше со Емануел Макрон. Поздравот траеше кратко. Потоа следеше поздравот со Брижит Макрон и токму тој момент го привлече вниманието на присутните.






„Кој прв ќе попушти?“

Според дел од медиумите и набљудувачите, ракувањето траело околу 13 секунди, што е значително подолго од вообичаените дипломатски поздрави.

На социјалните мрежи веднаш почнаа споредби со натпревар во издржливост, додека други го опишаа моментот како непријатен и необично напнат.

Сенка од старата афера

Необичното ракување доби дополнително внимание и поради претходните коментари на Трамп за брачниот однос на Макронови.

Во мај 2025 година снимка од авион на која Брижит Макрон го оттурна францускиот претседател стана светски хит. Трамп подоцна јавно се пошегува на сметка на двојката и оцени дека Брижит се однесува „екстремно лошо“ кон својот сопруг.

Макрон тогаш возврати дека таквите коментари не се во духот на дипломатската комуникација.

Стара приказна со ново поглавје

Ова не е првпат ракувањата на Доналд  Трамп и Макрон да предизвикаат внимание.

Уште при нивната прва средба во Брисел во 2017 година, двајцата лидери имаа долго и цврсто ракување кое тогаш беше анализирано како своевиден тест на политичка и лична доминација.

Во годините што следуваа, нивните односи се движеа од блискост до остри несогласувања околу царините, Украина и Иран.

Момент што ги засени лидерите

Иако самитот е посветен на големи геополитички прашања, од војните до глобалната економија, токму краткиот момент пред камерите повторно стана една од најсподелуваните сцени од собирот.

Понекогаш доволни се 13 секунди за да се украде целото шоу.

Поврзани содржини