НА 15.144 ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ТУТУН ИМ ЛЕГНАА ПАРИТЕ Исплатени повеќе од 2 милијарди денари за субвенции

0

Министерството за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2025 година, на 15.144 тутунопроизводители.

„Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност. Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини“, се наведува во соопштението од Финансии.






Поврзани содржини