СУБВЕНЦИИ ДО 8 ДЕНАРИ ЗА ПРЕДАДЕН КИЛОГРАМ ОРИЗ Парите ќе се обезбедат од Интервентниот фонд и со ребалансот на буџетот

Жетвата на оризот веќе се одвива во неколку општини во Источниот Регион. 

0

Владата планира директна поддршка од околу 8 денари по килограм предадена оризова арпа за периодот од 1 септември 2025 до 15 септември 2026 година – соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Дел од парите веќе се обезбедени во Интервентниот фонд на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а дел ќе бидат обезбедени со ребалансот на буџетот.






– Тоа се отприлика стотина милиони денари што ги обезбедува Владата, коишто ќе бидат исплатени до крајот на оваа година, по завршувањето и усвојувањето на ребалансот во Собранието. Но, ја користам и оваа порака, мислам и оваа посета овде во Чешиново- Облешево, да упатиме јасна порака и до откупувачите дека треба да се однесуваат фер, како што и Владата се однесува и како што граѓаните и оризопроизводителите се однесуваат фер кон нив, затоа што ова е двонасочна улица, не би сакале да веруваме во шпекулативно однесување на поединци, затоа што тоа ќе биде ригорозно казнето – рече Мицкоски.

Инаку, во тек е жетвата на оризот во неколку општини во Источниот Регион.

Поврзани содржини