БЈАНКА СЕНСОРИ ЈА ЗАБОРАВИЛА МАИЦАТА? Сопругата на Канје Вест повторно предизика полемики за границите на стилот
Сопругата на Канје Вест повторно привлече внимание со провокативна модна комбинација во Лос Анџелес. Додека едни го фалат нејзиниот стил, други се згрозени
Бјанка Сенсори повторно предизвика лавина реакции со својот моден избор. За време на вечерно излегување во Лос Анџелес со сопругот Канје Вест, таа се појави во црвена комбинација инспирирана од модната ревија на брендот „Мовалола“ за пролетта 2027 година.
Стајлингот се состоеше од здолниште и проѕирен мрежест горен дел без прерамки. Под него не носи ништо, па градите ги прикрива со раката. Под здолништето се гледа и долната облека, додека со другата рака го држи сопругот.
Инаку, и манекенката на пистата од ревијата на „Мовалола“ за пролетната колекција во 2027 година, ги прокриваше градите со рацете.
Иако Сенсори во првите години од бракот со Вест почесто ги шокираше минувачите со своите модни избори, па се чини дека јавноста веќе навикна на нејзините провокативни изданија. Сепак, секое нејзино појавување повторно отвора дебата за границите меѓу модата и голотијата.
Реакциите на социјалните мрежи беа поделени.
– Која е поентата да се носи ова; Навистина ли луѓето купуваат ваква облека; Ѝ треба некаква маица – коментираа дел од корисниците. Други, пак, ја пофалија:
– Таа е толку кул; Ми се допаѓа оваа боја на косата; Неверојатно е згодна.
View this post on Instagram
Бјанка и Канје се венчаа во 2022 година, по неговиот развод со Ким Кардашијан. Оттогаш, нејзините модни изданија редовно предизвикуваат внимание, а нејзиниот стил стана една од темите за кои најмногу се дискутира кога парот ќе се појави во јавноста.