🎥 ДАЛИ ЈА ПАМТИТЕ ОВАА СУПЕРМОДЕЛКА ОД 90-ТИТЕ? Кристи Тарлингтон има 57 години и сака да старее природно

Првиот супермодел која беше во екот на популарноста во 90-тите години од минатиот век, Кристи Тарлингтон со гордост ја носи својата седа коса нагласувајќи дека е задоволна од својот изглед и нега без естетски зафати.

112

Супермоделот од 90-тите Кристи Тарлингтон (57), инаку, сопруга на режисерот Ед Бернс не планира естетски зафати или инјекции бидејќи сака да старее природно.

Таа е сè уште многу активна во својот бизнис и неодамна стана глобален амбасадор на брендот Lancôme Paris, а посебно внимание ѝ посветува на негата на кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lancôme Official (@lancomeofficial)

Таа ја откри и својата едноставна рутина: миење на лицето наутро, редовно хидрирање на кожата во текот на денот, доволно спиење и вежбање.

– Мислам, прилично е едноставно. Го мијам лицето наутро и многу го хидрирам. Понекогаш дури и двапати нанесувам хидратантна крема бидејќи, особено во ова време од годината, кожата ми се суши. Потоа додавам лесен слој пудра, малку руменило и маскара, и тоа е тоа, спремна сум – изјави таа за Harper’s Bazaar.

– Добар ноќен сон или трчање, нешто што ќе ми го раздвижи телото. Исто така, малку хидратантна крема наутро ме буди и ме освежува, па дури и мала количина прави голема разлика. Ми се допаѓа конзистентноста и сигурноста, а Rénergie е најдобриот хидратантен крем. Тоа е мојата константа. Ја сакам негата на кожата, но секогаш почнувам од кожата. Ми се допаѓа добра пудра која има убава текстура и доволно покрива, но сепак изгледа природно. Мислам дека Teint Idole е одлична за тоа – додаде таа.

Тарлингтон вели дека е претежно задоволна од начинот на кој старее и дека ги прифаќа промените што доаѓаат со возраста.

– Мислам дека е важно да се прифати секоја возраст, нели? Алтернативата не е многу привлечна, па затоа е добро да се остане оптимистичен и да се обиде да биде најдобрата верзија од себе во секоја фаза од животот. Генерално сум задоволна од тоа како стареам. Ја гледам мајка ми во себе, а себеси во неа, што е убаво затоа што има 86 години и сè уште изгледа добро. Тоа ме охрабрува. Ако се грижам за себе, сè ќе биде во ред. Интересно е да се види како се менуваш, промената е добра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christy Turlington (@cturlington)

Покрај нејзината кариера како модел, Тарлингтон е и активистка и застапничка за здравјето на мајките. Таа е основач на непрофитната организација „Every Mother Counts“, која работи на подобрување на здравјето на мајките и намалување на смртноста кај мајките.

Таа се здоби со слава кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, работејќи со брендови како што се „Calvin Klein“ и „Maybelline“. Таа е една од најпрепознатливите модели на сите времиња и незаменливо лице на модната сцена од 90-тите, кога заедно со Наоми Кембел, Линда Евангелиста и Синди Крофорд, го дефинираа поимот „супермодел“.

Во текот на нејзината кариера, таа красеше повеќе од 500 насловни страници на списанија, а особено беше позната по долгогодишната соработка со брендот „Келвин Клајн“, која траеше со децении.

За разлика од многумина во тој свет, Тарлингтон отсекогаш била позната по својот тивок и резервиран живот, без скандали, но со јасни ставови. Покрај манекенството, таа се посветила и на образованието и дипломирала компаративна религија и филозофија на Универзитетот во Њујорк. Голема пресвртница во нејзиниот живот се случила по компликациите што ги доживеала за време на породувањето, што ја поттикнало да ја основа организацијата „Секоја мајка е важна“, посветена на подобрување на здравјето на мајките низ целиот свет. Денес, таа е препознатлива по својата хуманитарна работа, како и по нејзината модна кариера.

Поврзани содржини