📽️ НЕМА ЧАДОР ЗА КРАЛОТ? Чарлс Трети накисна, а кралицата Камила си побегна и се засолни, па слатко му се смееше

Фрустриран од поројниот дожд кој почна за време на свеченоста на стадионот „Сер Вивијан Ричардс“, на островот Антигва, кралот Чарлс изнервирано бараше чадор, додека кралицата Камила која веднаш доби проѕирно чадорче, незабележано се повлече од подиумот и го остави кралот сам да кисне

109

Кралот Чарлс и кралицата Камила присуствуваа на свеченоста по повод 45-годишнината од независноста на Антигва и Барбуда, која се одржа на стадионот „Сер Вивијан Ричардс“ во Северен Саунд, на островот Антигва. Но, настанот не помина според планираното – среде церемонијата ненадејно почна да врне силен тропски дожд.

Кога дождот се засили, Камила која брзо доби проѕирен чадор, незабележано се повлече од подиумот и се упати кон покриеното место наменето за кралското семејство. Чарлс, пак, остана на дождот, па почна да мавта со рацете и да им сигнализира на придружниците дека му треба чадор. Неколкупати праша: Каде ми е чадорот?






 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Nightly (@thenightlyau)


Така, додека Чарлс безуспешно бараше чадор, Камила веќе седеше засолнета на трибината. Камерите ја снимија како се смее на непријатната ситуација, а потоа покажува кон мокриот фустан и разбушавената коса и вели: Се откажав. Сцената дополнително го привлече вниманието на јавноста, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Поројниот дожд траеше околу пет минути, по што времето се разведри и програмата продолжи. Чарлс подоцна покажа дека не му недостига смисла за хумор, па се пошегува зборувајќи со премиерот на Антигва и Барбуда, Гастон Браун:

– Мислам дека наскоро ќе ми порасне трева на костумот – се пошегува кралот.

 

Кралот и кралицата се на деветдневна турнеја низ Карибите, која се одвива во чувствителен момент за односите меѓу Велика Британија и поранешните британски колонии. Посетата е во сенка на повторно отворената дебата за улогата на Британија во трансатлантската трговија со робови и барањата на карипските држави за официјално извинување и обесштетување.

 

Поврзани содржини