ВОЗЕЛ ЌОР ПИЈАН И УДРИЛ ВО ДВЕ ВОЗИЛА Скопјанец фатен со 4,01 промили алкохол во крвта

Возач во Скопје со 4,01 промили алкохол удрил во две паркирани возила и бил приведен од полицијата. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување.

158

Скопјанец управувал возило со дури 4,01 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна несреќа со две паркирани возила. Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26 март околу 15:35 часот на улицата Бранислав Нушиќ во Скопј „шевролет авео“ удрило во паркирана „хонда“ и во „опел астра“.

„При преземање мерки било констатирано дека возачот управувал под дејство на алкохол, односно имал 4,01 промили во крвта“, соопшти МВР.






Полицијата го лишила од слобода 46-годишниот Б.Л. од Скопје. Тој бил приведен во 18:40 часот, по извршеното алкотестирање. По насоки на јавен обвинител, возачот е задржан во полициска станица. Возилото му е одземено.

Поврзани содржини