📽️ ПУТИН 40 СЕКУНДИ СЕ БОРЕШЕ СО ГЛУШЕЦОТ ЗА ДА ГЛАСА Не е познато дали компјутерот бил на „Виндоус“

По околу 40 секунди концентрација и неколку кликања, на екранот конечно се појави зелената потврда – „Успешно гласавте“.

16

Снимката од претседателот на Русија Владимир Путин како 40 секунди се бори со глушецот за да гласа стана хит на социјалните мрежи. По неколку кликања конечно стигна зеленото „Успешно гласавте“, а Путин му се заблагодари на компјутерот и крена палец.

„Има ли Виндоус на компјутерот?“, „Староста го фати“, се само некои од реакциите на социјалните мрежи.






Ова, инаку, му е шесто електронско гласање, па глушецот и Путин веќе би требало добро да се познаваат.

Во Русија се во тек парламентарни избори за Државната дума. Гласањето трае 3 дена, од 18 до 20 септември.

 

Поврзани содржини