ЈА УДРИЛА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ И ИЗБЕГАЛА Тешко повредена жена заврши во болница, полицијата трага по сторителката

31-годишна жена од Илинден е пренесена во „Свети Наум Охридски“ со тешки телесни повреди, откако била удрена од електричен тротинет на булеварот Кочо Рацин.

0

31-годишна жена од Илинден е тешко повредена откако била удрена од електричен тротинет на булеварот Кочо Рацин во Скопје.

Жената, идентификувана како Е.Д.С., била пренесена во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ – Скопје, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.






Според пријавеното, несреќата се случила на 23 септември, а по ударот женското лице кое го управувало електричниот тротинет го напуштило местото.

Полицијата работи на утврдување на идентитетот на возачката и на расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Поврзани содржини