ТИК-ТОК ПРЕДИЗВИК ЗАВРШИЛ КОБНО ЗА ТРОЈЦА РОМАНЦИ Ги изгасиле светлата од автомобилот, еден преживеал

Двајца млади момчиња загинаа откако автомобилот излетал од патот во романскиот округ Прахова. Единствениот преживеан раскажал дека непосредно пред кривината ги изгасиле светлата, а возачот потоа забрзал.

36

Двајца млади мажи, на возраст од 18 и 19 години, загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Романија. Локалните медиуми ја испитуваат можната врска со опасен предизвик на ТикТок – ноќно возење со изгасени светла.

Во автомобилот биле тројца млади мажи. Зад воланот седел 18-годишниот Андреј, кој неодамна положил возачки испит.






На патот ДЈ 140, во округот Прахова, тој изгубил контрола на кривина. Автомобилот излетал од патот и директно удрил во дрво.

Неговиот 19-годишен пријател Михаи загинал на самото место. Андреј бил пренесен во болница, но починал неколку часа подоцна. Момчето на задното седиште поминало со полесни повреди.

Единствениот преживеан им ја опишал на полицајците сцената непосредно пред ударот.

– Одевме во парк. Пријателот што загина прв се пошегува и рече да ги изгасиме светлата. Беа изгасени околу 2 секунди, потоа повторно ги вклучи и забрза. Веќе бевме многу блиску до кривината. Тогаш притисна на гаста – раскажал младиот човек.

 

Според неговото сведоштво, автомобилот почнал да губи контрола токму во кривината.

– Да не го свртеше воланот одеднаш, ќе завршевме во поле со пченка. Ќе беше подобро. Сврте лево и директно удривме во дрво – рекол тој.

По судирот успеал сам да излезе на патот. Се обидувал да ги запре автомобилите што минувале. Неговата мајка тврди дека првите два продолжиле, а запрел третиот возач и повикал брза помош.

Момчето седело зад возачот и не било врзано.

– Мислам дека самиот Бог го спасил – рекла неговата мајка.

Мајката на 19-годишниот Михаи раскажала дека нејзиниот син излегол само на пијалак со пријателите.

– Отиде на газиран пијалак и никогаш не се врати. Беше одличен ученик, многу образован и учтив – рекла таа.

Сведоци тврдат дека автомобилот се движел со голема брзина. Еден малолетен очевидец проценил дека возилото се движело со околу 120 километри на час.

Полицијата отвори кривична постапка за убиство од небрежност. Истрагата треба да утврди со која брзина се движел автомобилот и што точно се случило непосредно пред ударот во дрвото.

Поврзани содржини