Гласање по етничка линија во ЕУ

Еден од новоизбраните пратеници заврши под истрага на националната антикорупциска полиција веднаш по изборите. Постојат сомневања дека гласовите се купени и дека гласачите биле групно однесени на гласачките места со однапред обележани гласачки ливчиња.

0

Еничко гласање, или гласање на кланови меѓу шведските Сомалијци, стана централна тема на дебатата по неодамна одржаните парламентарни избори во Шведска. Прашањето стана особено релевантно бидејќи петмина политичари со сомалиско потекло освоија пратенички места во Шведскиот парламент-Риксдаг, по што беа актуелизирани сомневања за изборна измама и купување гласови.

Дебатата е мошне поларизирана и е фокусирана околу големиот пораст на избирачки гласови за Левицата и Зелената партија во изборни единици со големо имигрантско население. Еден од новоизбраните пратеници заврши под истрага на националната антикорупциска полиција веднаш по изборите. Постојат сомневања дека гласовите се купени и дека гласачите биле групно однесени на гласачките места со однапред обележани гласачки ливчиња.






Партијата Левица (Die Linke) оствари историски силни избори во Берлин, удвојувајќи ја својата поддршка на околу 27 проценти од гласовите. Како и шведската Левица, партијата беше особено силна во геотоизираните квартови и подрачја со многу луѓе со миграциско потекло. Партијата силно се профилираше по буџетските прашања како најдобар претставник на младите, станарите и малцинствата. Палестинското прашање и структурниот расизам исто така беа во фокусот во предизборната кампања.

На изборната прослава на партијата во Берлин се случи нешто што би можело да се означи како интересно во овој контекст. Водачот на кланот Ремо, еден од најозлогласените кланови во Германија, беше присутен. Во исто време, неговиот син објави приватни пораки со пратеник во Бундестагот. Во една од пораките пратеникот, обраќајќи се со изразот „брат“, бара помош во ширењето на неговата политичка порака и додава: „кажете им на сите ваши луѓе да ја споделат, ви благодарам“. Пратеникот потоа ја потврдил автентичноста на разговорот. Во друга порака, тој пишува: „поздрав, со почит до вашиот татко“. Можеби е знак на времето, како што беше забележано во некое коментари, да му се изрази благодарност на шеф на клан за тоа колку добро некоја  партија остварува успех на слободни избори во денешна Европа.

Во 2018 година исламската заедница во приградската општина Ботширка во Стокхолм се обиде да понуди неколку илјади гласови во замена за парцела за нова џамија. Зад остварените контакти фигурирал лидерот на групата на шведската Зелена партија во општината. Оттогаш, дискусијата за религиозно и етничко гласање тешко дека стана помалку релевантна, и постојано добива нови димензии.

Левицата, и во Германија и во Шведска, пронајде успешна стратегија во овие области. На изборите за ЕУ ​​во 2024 година, шведската Левица доби околу 50 проценти од гласовите во изборни единици со голем број избирачи родени надвор од Европа. Тоа достигнување сега беше надминато на многу места на неодамнешните парламентарни и локални избори.

Луѓето со странско потекло сочинуваат сè поголем дел и од европскиот електорат. Партиите што се етаблираат политички во подрачја со многу мигранти на тој начин добиваат пристап до растечки електорат. За левицата, привлекувањето на овие гласачи значеше дека движењето кое традиционално зборуваше за работничката класа, еднаквоста и благосостојбата, а кое поделената работничка класа практично го напушти, создаде нов идентитет со нови линии на поделба.

Левицата е сега во значајно поголем обем ориентирана кон етничката припадност, идентитетот, расизмот, колонијализмот и – кон Палестина. Од една страна, тоа е адаптација кон променливата демографија, додека во исто време левицата го поттикна овој развој, кој сега создава нови коалиции на гласачи.

Луѓето со силни корени во регионите на Блискиот Исток и Северна Африка секако дека гласаат лево кога станува збор за економски прашања, но во исто време се крајно десно ориентирани кога станува збор за ставовите за религијата, семејството и семејните констелации, сексуалноста, родовиот идентитет и вредносните прашања. Овој судир веројатно нема да биде благо будење и неопходно преиспитување за овие партии.

Сепак, европската левица веројатно нема да најде никакви реалполитички причини во блиска иднина да го напушти патот што го избрала. Во крајна линија, се чини дека повеќе луѓе ќе мора да се запрашаат какви линии на поделба подразбира овој избран пат. Прашањето еднакво се однесува на сите партии што можат да се поврзат со овие промени. Оттаму се и очекувањата дека тоа дефинитивно ќе поттикне на размислување меѓу сите оние што во последните години се обидуваат да ја интензивираат дебатата за последиците од разидувањата и поделбите кои во избирачкото тело повелкуваат и етнички линии и разграничувања.

Во поголем број членки на ЕУ, малцинските партии се дел од поголем, поплуралистички партиски систем. На пример, лице со унгарско потекло во Романија може да гласа за унгарска малцинска партија, но може да гласа и за романска национална партија. Партиите во Шпанија што го претставуваат каталонскиот или баскискиот национализам долго време ги мобилизираат гласачите околу регионалниот, но и националниот идентитет.

Во Македонија, пак, патем речено, етничката поделба долго време е подиректно поврзана со формирањето влада: македонски и албански партии со најмногу освоени избирачки гласови се натпреваруваат во рамките на своите соодветни групи на гласачи, кои главно гласаат според остро поставени етнички резови, а потоа се преговара за формирање македонско-албанска владинска коалиција. Македонската политика, историски гледано, ја карактеризира мошне силна и јасно изразена етничка димензија, во споредба со повеќето ЕУ-членки.

Во некои членки на Унијата доаѓаат до израз подинамични форми на етничка или културна мобилизација. На пример, во Франција, Шведска, Германија и Холандија, дел од партиите се одбидуваат да мобилизираат гласачи со потекло од одредени имигрантски групи. Сепак, во исто време други партии ги мобилизираат гласачите преку посеопфатни прашања за миграција, интеграција, ислам или културен идентитет, кои го надминуваат тесниот еднонационален пристап. Сето тоа вварира во голема мера во зависност од генерацијата, образованието, класата, религијата, станбената област и степенот на интеграција.

Европската комисија забележува дека малцинствата сè уште се недоволно застапени политички. На пример, на изборите за Европскиот парламент во 2024 година, застапеноста на Ромите беше многу ниска. Според постизборните анализи на кои се повикаа ОДИХР и Европската комисија, по изборите за Европскиот парламент немаше избрани членови Роми меѓу 720-те европратеници. Истото се однесува и на некои други малцинства.

ОБСЕ/ОДИХР годинава не испратија набљудувачи на изборите во Шведска бидејќи организацијата смета дека шведските избори имаат висок степен на сигурност и регуларност. Сепак, достевни се пријави за обележани гласачки ливчиња што се делеле пред гласачките места. Беше пријавено дека извесен маж придружувал неколку жени за да им покаже како да гласаат, а во еден случај, еден гласач се сомневал дека на млади луѓе им било платено за нивните гласови. Шведската Изборна комисија добила над 1.600 пријави за инциденти од изборната администрација на денот на изборите.

Во добар дел се работи за забелешки повразни со гласање по етнички линии, кое очигледно станува незаобиколна реалност. И пркаса која несомено и во иднина ќе претставува важен сегмент на изборните циклуси во ЕУ. И за учеството на мигрантите во поделбата на власта.

Поврзани содржини