НЕ СЕ КАЕ ШТО УБИЛ, ЖАЛИ САМО ЗА ИСКИНАТИТЕ ЧИЗМИ Убиецот на матурантот во Шибеник осуден на 40 години затвор

Убиецот Кристијан Алексиќ, кој во мај го уби матурантот Лука Миловац при достава на храна, рече дека живеел во тешки околности со растечки долгови и решил да изврши сериозно кривично дело за да заврши во затвор.

0

 

Окружниот суд во Шибеник, Хрватска, го осуди обвинетиот Кристијан Алексиќ на 40 години затвор за убиството на 19-годишниот матурант Лука Миловац во мај во Дрниш. Алексиќ го уби матурантот со огнено оружје кога тој му достави нарачана храна во домот.






На судењето рече дека сакал да направи кривично дело, за да заврши во затвор, оти имал долгови.

Алексиќ на почетокот на судењето се изјасни за виновен за убиството.

Тој е осуден на и 2 и на 3 години затвор за две кривични дела поврзани со оружје, по што судот го осуди на единствена казна од 40 години затвор. Едно од овие кривични дела се однесува на оружје што Алексиќ го направил неколку години пред убиството. Другото се однесува на оружје што самиот го направил во 2023 година, а подоцна го искористил за да го убие Лука Миловац.

 

Фото: Принтскрин

 

Алексиќ мора да плати 50.000 евра на семејството на убиениот Лука Миловац и да ги покрие трошоците за судската постапка. Неговиот притвор е продолжен до правосилноста на пресудата.

За време на вчерашното рочиште, во судницата беше пуштена снимка од сведочењето на Алексиќ пред Обвинителството. Во неа, тој вели дека не планирал да убие конкретно лице, туку кој било доставувач што ќе се појави на неговата врата.

– Кој и да ја доставеше храната, исто ќе си поминеше – им рекол тој на истражителите.

Алексиќ рече дека живеел во тешки околности со растечки долгови и решил да изврши сериозно кривично дело за да заврши во затвор.

Тој изјави дека не се кае за убиството.

– Не се каам. Жалам само за чизмите што ги искинав при бегството – рече тој.

Тој го дочекал доставувачот на храната со импровизирано огнено оружје кое претходно го направил сам според упатствата од интернет. Исто така, имал и воен нож со сечило долго 30 сантиметри, а според сопственото сведочење, имал намера да го употреби ако пиштолот не работи.

За да не се сомневаат доставувачите во неговите намери, тој претходно нарачал храна неколку пати. Судбоносната вечер, пристигнале две млади момчиња. Алексиќ им рекол на истражителите дека решил едниот да го убие со пиштолот, а другиот со ножот.

Откако го застрелал Лука Миловац во градите, неговиот пријател успеал да избега.

Алексиќ по убиството избега, а полицијата го пронајде и го уапси следниот ден.

Поврзани содржини