НАУТРО ЗИМА, ПРЕКУ ДЕН ПРОЛЕТ Следува стабилно и сончево време
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 3 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде дневната температура ќе се искачи до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
