Немаме литиум, имаме злато, бакар и „лажњаци“
Со голема загриженост констатирам дека постојат личности кои воопшто не се загрижени за општественото уредување на Македонија и тоа во делот на економијата, образованието, демографијата и животната средина. Овие личности со сето право ги нарекувам „лажњаци“ и тие доаѓаат од фелата професорска, академска (МАНУ) и од политичката.
Кога се обраќаме на јавноста како личности имаме обврска да даваме точни информации, а не шпекулации кои ни се од лична корист. Мораме да одговориме на неколку клучни прашања кои ја загрижуваат јавноста кога зборуваме на темата „Рудни богатства“. Јас вообичаено говорам за металични суровини и тоа пред сè во делот на нивната скапоценост.
Меѓутоа со голема загриженост констатирам дека постојат личности кои воопшто не се загрижени за општественото уредување на Македонија и тоа во делот на економијата, образованието, демографијата и животната средина. Овие личности со сето право ги нарекувам „лажњаци“ и тие доаѓаат од фелата професорска, академска (МАНУ) и од политичката.
Од делот на професорите „во око“ ми падна личност од еден од факултетите при универзитетот „Климент Охридски“ кој вели дека е професор на шест предмети. Оваа личност првпат ја забележав кога објави колумна на еден медиум во која вели дека е првиот кој дал чист дигитален ТВ сигнал на сателит некаде во 2025 година. Еве што вели:
– Слушнав дека мојата станица е единствената што има ап -линк (наменет за испраќање сигнали кон сателитот) не само од аматерските, туку и од професионалните, односно комерцијалните телевизиски станици во Македонија – вели професоров.
Почитуван професоре прв дигитален ТВ сигнал емитуваше ТВ БТР на ромски јазик во 2004 година, а од 2008 година постојат две телевизии кои имаат таква лиценца. Имаше десет вакви ТВ станици на една од нив јас бев управител.
Но, овој за мене професионален „лажњак“ не застанува и вели на 27 Август 2025 година сега во рударството:
„Литиумската треска веќе ја зафати Србија, а беше само прашање на време кога експлоатацијата на литиумот ќе стане актуелна и во Македонија. Во нашата земја се откриени резерви на литиумска руда, најверојатно во форма на минерали како сподумен или лепидолит. Според процените, овие резерви се вредни околу 10 милијарди долари, со вкупно приближно 1 милион тони литиум“.
Ова е најголемата лага што сум ја слушнал за рудните богатства на Македонија и не можам да го разберам поривот на ваквата изманичка теорија објавен на медиум.
Македонија НЕМА ЛИТИУМ, има само траги кои се незначителни. Еден од најголемите експерти нормално професор по хидро и пиро металургија Македонец кој живее во Австралија јасно и недвосмислено ми соопшти дека Македонија нема искуство со литиум зошто го нема.
НО едно големо НО. Македонија е на природната рударска линија или „жица“ во источна и мал дел во средна Македонија каде поседуваме рудни богатства пред сè на во огромни количини на БАКАР и задоволителни на ЗЛАТО.
Бакарот, Европската Унија го стави на списокот на критични метали и доживува експанзија во ценовната политика. Ако внимателно ги слушаме нашите аналитичари, а последен од нив е г-динот Методи Хаџи Јанев кој даде јасна и недвосмислена изјава: „Не е важно како ќе заврши конфликтот во Украина, туку кој ќе ја обновува“. Поуката е, нашиот бакар па макар и со најмал процент на светско ниво ќе игра важна улога на целокупниот пазар сконцентриран на тлото на Европската Унија.
А кога зборуваме за златото иако е еден од најшпекулативните скапоцени металични елементи кој секогаш оди рака под рака со бакарот, сепак игра многу значајна улога на светските берзи. Според рударски информации на неотворените рудници каде има количини на злато, а кој никогаш не ми ги демантираа моите информации поседуваме 200 тони чисто злато. И ова значи прв турнус на експлоатација на овој скапоцен метал во првите осум до дванаесет години. По овој период геолозите велат можно е, напомнувам можно е да се најде нова „жица“ што засега е не може да се прогнозира, но не се исклучува како можност.
Но, да се вратиме на постоечката количина 200 тони злато во овој момент значат на пазарот 28 милијарди евра. Ако го земеме само овој елемент и да го игнорираме бакарот согласно нашите закони за рударска рента од четири проценти која мора да се исплаќа годишно на општините каде се наоѓаат рудниците со докажани количини како што се Пробиштип, Босилово и Ново Село, како и пределот на планината Кожув (за рудникот Петрошница во Кумановско не би сакал пред време да шпекулирам) тоа се 1,130 милијарда евра за периодот кој го наведов.
Многумина „лажњаци“ работат ова богатство да го дадат на туѓи сили кои Македонија ниту ја сакаат во НАТО ниту пак ја сакаат во Европската Унија. Нивните усти се полни со изрази дека ќе сме заложници на колонијалистички сили и сеат страв меѓу населението.
Затоа сакаат да нема квалитетно образование, да немаме народ во селата и малите градови. Тие се тие кои сакаат да ни донесат „туѓинци“ кои ќе работат под секое економско достоинство. Овие личности ја распродаваат Македонија. Овие личности ги глорифицираат Грета Тунберг и Виола фон Крамон Таубадел. Најголемите измамнички на светската сцена за заштита на животната средина
Владата на Македонија мора да се сконцентрира на сопственото богатство и на сопствената наука.
Нашите деца има да ги воспитаме дека да убаво е да се иде во Европската Унија и на останати места. Ама туристички. Македонија е нивниот дом.