ВОЗАЧОТ БИЛ ПОД ДЕЈСТВО НА КОКАИН, КАНАБИС И АЛКОХОЛ Нема докази дека воланот се заклучил при несреќата во Романија

Обвинителите што ја истражуваат страшната несреќа во Романија во која животот го загубија 7 грчки навивачи потврдуваат дека возачот на минибусот седел зад воланот пијан и дрогиран, објавија романските медиуми.

462

Обвинителите што ја истражуваат страшната несреќа во Романија во која животот го загубија 7 грчки навивачи потврдуваат дека возачот на минибусот седел зад воланот пијан и дрогиран, објавија романските медиуми.

Обвинителите се потпираат на официјалните резултати од Националниот институт за судска медицина кои покажуваат дека возачот консумирал канабис, кокаин и алкохол пред да седне зад воланот.






Истражителите побарале такво токсиколошко вештачење за сите починати, но досега резултатите се добиени само за возачот.

Во врска со хипотезата дека правецот на минибусот бил блокиран од системот „помош во движење во лента“, обвинителите тврдат дека немаат информации што би го поткрепиле ова сценарио.

– Се спроведуваат истраги во однос на сторени кривични дела телесна повреда од небрежност и убиство од небрежност. Во овој случај, Институтот состави извештај за токсиколошка анализа за да утврди присуство на психоактивни супстанции во крвта на возачот. Резултатот потврди присуство на две психоактивни супстанции во крвта, имено канабис и кокаин. Потврдено е и присуство на алкохол. Пронајдени се два плика за кои постои сомневање дека содржат психоактивни супстанции, но сè уште немаме официјални резултати во врска со ова – изјави Берта Серена Константинеску , портпаролка на Обвинителството при Судот во Лугој.

ДАЛИ ТЕХНОЛОГИЈАТА Е ВИНОВНА ЗА СТРАВИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА? Системот за држење во лента е можна причина

Поврзани содржини