📽️ ИГОР ЏАМБАЗОВ ГО ПРЕЧЕКА ЕДИНСТВЕНОТО ПРВАЧЕ Како изгледаше првиот училишен ден во Маврови Анови пред 7 години?
Училиштето „Денче Дејаноски“ има богата историја и е верифицирано од Министерството за образование во 1996 година.
Училишното ѕвонче во Маврови Анови пред седум години заѕвони само за едно дете – малечкиот Матеј. Со насмевка на лицето и во придружба од актерот Игор Џамбазов, неговата учителка и неговата мајка, тој во 2018 година зачекори на својот прв час.
Основното училиште „Денче Дејаноски“, основано во 1957 година, тогаш во прво одделение запиша само еден ученик. Иако училиштето е со долга традиција и беше верифицирано од Министерството за образование во 1996 година, бројките веќе тогаш зборуваа за предизвиците на малите рурални средини.
Видеото што денес повторно се појави на социјалните мрежи нè потсети на тој емотивен момент од 2018 година, кога едно дете и цело село ја почувствуваа магијата на првиот училишен ден.