ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и го снимале
Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од неколку повозрасни малолетни деца во соблекувална на спортска сала во Кочани.
Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани.
Случајот го пријавил таткото на детето, 42-годишен жител на Кочани, кој вчера околу 12:45 часот се обратил во полиција.
Според пријавеното, детето било нападнато од неколку други малолетни деца, кои биле повозрасни од него. Тие, според пријавата, го соблекле детето и го снимале со паметен часовник.
За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа. Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.