КРАЈ НА ЕДНА ПРЕКРАСНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА, ШПЕКУЛАЦИИТЕ БИЛЕ ВИСТИНА Џесика Симпсон се разведува од Ерик Џонсон

Вистинската љубов никогаш нема да ве натера да се сомневате во себе или во она што е вистинско. Благодарение на мојата неверојатна сродна душа, можам да сакам само страсно и без страв дека ќе се повредам, изјави пејачката Џесика Симпсон пред една година, а никој не помислуваше дека таа сепак ќе се разведе од нејзината љубов, фудбалерот Ерик Џонсон.

21,605

По шпекулациите, кои првин се проширија низ Холивуд, а потоа и во светот, дека пејачката Џесика Симпсон се разведува од сопругот Ерик Џонсон по една деценија брак, сега пристигна потврдата во форма на признание и сите сомнежи се расчистени. Музичката ѕвезда и НФЛ играчот му ставаат крај на бракот во кој добија 3 деца, објави Пипл.

Џесика Симпсон, 44-годишната пејачка и актерка и нејзиниот сопруг, поранешен НФЛ играч кој е една година постар, се разведуваат по 10 години брак, потврди холивудската ѕвезда ексклузивно за Пипл, откривајќи како таа и нејзиниот децата се чувствуваат во сегашните околности.






– Јас и Ерик живееме одвоено додека се движиме во овој болен период во нашиот брак. Нашите деца ни се приоритет и ние сме фокусирани на она што е најдобро за нив. Благодарни сме за сета љубов и поддршка што ни ја покажавте, но ве молиме за приватност додека го решиме ова како семејство – изјави Симпсон за гореспоменатиот медиум.

Ерик Џонсон беше забележан без бурмата во ноември, отприлика во истиот период кога славната пејачка навести за нејзиното „враќање“ на музиката преку мистериозна објава на Инстаграм, која се состоеше од фотографии од музичкото студио.

„Разговори во мојата музичка соба во Нешвил каде што ја открив мојата уникатна магија“, напиша таа во описот на објавата и додаде: „Ова враќање е лично. Тоа е извинување за сѐ што не заслужив“.

Извор близок до двојката тогаш изјави дека пејачката и нејзиниот сопруг „ги живеат своите животи многу поинаку“.

Инаку, Џесика Симпсон и Ерик Џонсон се венчаа во јули 2014 година, по 4-годишна врска, и имаат 3 деца: ќерките Максвел Макси Дру (12) и Бирди Меј (5), како и синот Ејс Кнут (11).

Двојката се запозна преку заеднички пријател во 2010 година, а се вери во ноември истата година, по само 6 месеци врска. Тие се венчаа дури откако ги добија првите две деца кои ги носеа нивните венчални прстени и фрлаа цвеќиња на церемонијата пред повеќе од 250 гости во Монтесито, Калифорнија.

И се чинеше дека навистина ќе биде засекогаш и дека разводот е невозможен исход – барем таков впечаток оставаше Џесика Симпсон до лани.

– Вистинската љубов никогаш нема да ве натера да се сомневате во себе или во она што е вистинско. Благодарение на мојата неверојатна сродна душа, можам да сакам само страсно и без страв дека ќе се повредам – изјави пејачката пред една година.

Инаку, Џесика Симпсон пред овој брак беше во брак со актерот Ник Лачи, од 2002 до 2005 година.

Поврзани содржини